ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА
Apollonia Hotel & Casino
За колачињата
Колачињата се мали текстуални датотеки што се зачувуваат на вашиот компјутер, мобилен телефон или друг уред кога ја посетувате нашата веб-страница apolloniacasino.com. Тие ѝ овозможуваат на веб-страницата да го препознае вашиот уред, да ги запомни вашите претпочитани поставки (како изборот на јазик или поставките за приказ) и да обезбеди брзо, безбедно и правилно функционирање на услугите, информацискиот систем и формуларите за контакт.
Сите информации собрани преку колачињата се користат исклучиво за потребите на нашата веб-страница, на начин што не ја загрозува вашата приватност и личните податоци.
Со користење на оваа веб-страница, се согласувате со одредбите на оваа Политика, во зависност од изборот што ќе го направите преку нашиот банер за согласност (Cookie Banner). Оваа Политика треба да се чита заедно со нашата Политика за приватност.
Зошто користиме колачиња?
Користиме колачиња и слични технологии за следните цели:
- За основното техничко функционирање и безбедноста на веб-страницата;
- За зачувување на вашите поставки, претпочитани опции и избори во врска со согласноста;
- За собирање анонимизирани статистички податоци со цел подобрување на корисничкото искуство;
- За мерење и прикажување релевантни маркетиншки содржини, промоции и настани (кога е дадена согласност).
За време на вашата посета, одредени технички податоци може автоматски да се обработуваат (IP-адреса, тип на уред, прелистувач, оперативен систем и време на пристап).
Кои видови колачиња ги користиме?
| Вид | Опис | Правна основа |
| Неопходни | За основната функционалност, навигација, безбедност и користење на главните функции на веб-страницата | Лигитимен интерес |
| Аналитички | За мерење на посетите и анализа на користењето на веб-страницата. | Согласност |
| Функционални | За запомнување на вашите избори (јазик, приказ, претпочитани поставки за престој) Согласност |
|
| Маркетинг | За мерење на ефективноста на рекламните кампањи и прикажување промоции | Согласност |
Сесиски и трајни колачиња
- Сесиски колачиња: Привремени датотеки што се бришат веднаш откако ќе го затворите интернет-прелистувачот.
- Трајни колачиња: Остануваат зачувани на вашиот уред одреден период или додека рачно не ги избришете.
Google Analytics 4 и Google Consent Mode
Нашата веб-страница користи Google Analytics за анализа на посетите; оваа услуга користи колачиња од прва страна што собираат стандардни информации без директно да ги идентификуваат посетителите. IP-адресите се скратуваат и анонимизираат пред обработката.
Нашата веб-страница го применува и Google Consent Mode. Ако ги одбиете аналитичките или рекламните колачиња преку нашиот банер, ознаките на Google автоматски го приспособуваат своето однесување и испраќаат само основни сигнали што не овозможуваат идентификација, без поставување колачиња за следење.
Управување, менување и повлекување на согласноста
При вашата прва посета, преку нашиот банер за колачиња (Cookie Banner) можете да изберете:
- Прифати ги сите
- Приспособи ги поставките
- Одбиј ги сите (освен неопходните колачиња)
Можете да ја промените или повлечете вашата согласност во секое време преку врската Поставки за колачиња во подножјето на веб-страницата. Дополнително, можете целосно да ги блокирате или избришете колачињата преку поставките на вашиот интернет-прелистувач (Chrome, Safari, Firefox, Edge).