ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Apollonia Hotel & Casino
Последно ажурирање: 1 септември 2026 година
Опсег на примена: Оваа Политика се однесува на користењето на веб-страницата apolloniacasino.com, вклучувајќи ги формуларите за контакт, пријавувањето за билтен и сите други електронски услуги достапни преку веб-страницата.
1. ВОВЕД
Apollonia Hotel & Casino ја почитува вашата приватност и посветува особено внимание на безбедноста и заштитата на личните податоци.
Оваа Политика објаснува кои лични податоци ги собираме преку нашата веб-страница, за кои цели ги користиме, колку долго ги чуваме, со кого можеме да ги споделиме и кои права ги имате како субјект на лични податоци.
Обработката на личните податоци се врши во согласност со важечките прописи во Република Северна Македонија. Врз основа на воспоставениот систем за информациска безбедност и спроведената документирана проценка на ризикот (во согласност со Методологијата од Правилникот бр. 266/24), ги преземаме сите неопходни мерки за обезбедување максимална доверливост и безбедност.
2. КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Контролор одговорен за обработката на вашите лични податоци е:
ДУТ Фортуна Интернационал ДООЕЛ Гевгелија
Apollonia Hotel & Casino
Адреса: Гевгелиски партизански одреди бр. 1
1480 Гевгелија, Република Северна Македонија
Е-пошта: info@apolloniacasino.com
Телефон: +389 (0)34 213 300
За прашања поврзани со заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате преку наведените контакт-податоци.
3. КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ
Во зависност од начинот на кој ги користите нашата веб-страница и услуги, можеме да ги обработуваме следните категории податоци:
- Идентификациски и контакт-податоци: Име и презиме, е-пошта, телефонски број, земја на живеење;
- Податоци за маркетинг и комуникација (билтен): Информации за дадената согласност за примање промотивни понуди, новости и настани; содржина на пораки и барања испратени преку онлајн формуларот за контакт или преку е-пошта;
- Технички и мрежни податоци: IP-адреса, вид уред, интернет-прелистувач, оперативен систем, датум и време на пристапување до веб-страницата;
- Податоци собрани преку колачиња: Информации за навигацијата и преференциите на корисникот на веб-страницата.
Собираме само податоци што се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно за конкретните цели на обработката.
4. ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Вашите податоци ги обработуваме за следните конкретни цели:
- Одговарање на прашања и барања и одржување комуникација;
- Управување со членства и програми за лојалност;
- Организирање и спроведување настани и промоции;
- Подобрување на веб-страницата, аналитика и статистика;
- Испраќање маркетиншки содржини, промотивни понуди и новости;
- Обезбедување мрежна безбедност и спречување измами;
- Исполнување на сите законски обврски на контролорот.
5. ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКА
Вашите лични податоци ги обработуваме само кога постои соодветна правна основа:
- Законска обврска;
- Договорна обврска: За исполнување на обврските поврзани со членството во програмите за лојалност и други побарани услуги;
- Легитимен интерес: За обезбедување и подобрување на функционалноста на веб-страницата, спречување измами, одржување на мрежната безбедност и остварување правни барања;
- Согласност: За испраќање директен маркетинг (билтен) или активирање аналитички и маркетиншки колачиња. Дадената согласност може да се повлече во секое време.
6. ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА
Казино-услугите и игрите на среќа се наменети исклучиво за лица постари од 18 години. Apollonia Hotel & Casino не собира ниту обработува лични податоци на малолетни лица за казино-цели.
7. ФОРМУЛАР ЗА КОНТАКТ И МАРКЕТИНГ ПРЕКУ БИЛТЕН
- Формулар за контакт: Податоците собрани преку формуларот за контакт се користат исклучиво за одговор на вашето барање.
- Билтен: Ако се пријавите за новости, вашата е-пошта ќе се користи за испраќање промоции, специјални понуди и информации за настани. Согласноста за маркетинг секогаш е доброволна. Можете да се одјавите во секое време преку врската „Откажи претплата“ (Unsubscribe) во е-пораката.
8. КОЛАЧИЊА И ТЕХНОЛОГИИ ЗА СЛЕДЕЊЕ
Нашата веб-страница користи колачиња и слични технологии за да обезбеди функционалност и да го подобри корисничкото искуство:
- Неопходни колачиња: Овозможуваат основна и безбедна работа на веб-страницата. Тие се задолжителни и не бараат претходна согласност.
- Функционални, аналитички и маркетиншки колачиња: Се користат за паметење на вашите поставки, анализа на посетите и приспособување на рекламните содржини.
8.1. Google Analytics и други аналитички алатки
Доколку користиме Google Analytics или друга аналитичка услуга на веб-страницата, таа може да собира информации за тоа како посетителите ја користат веб-страницата (посетени страници, времетраење, географска локација, вид уред, прелистувач и извор на посетата). Аналитичките колачиња се активираат исклучиво во согласност со вашите поставки за колачиња и важечките правила за согласност.
8.2. Meta / Facebook Pixel
Доколку користиме Meta Pixel или слична маркетиншка технологија, таа ни помага да ја измериме ефективноста на рекламните кампањи. Оваа технологија обработува информации за посетените страници, интеракциите, рекламата преку која сте пристапиле до страницата, видот на уредот и IP-адресата. Овие маркетиншки технологии се активираат само ако дадете соодветна согласност.
8.3. Управување со согласноста (банер за колачиња)
При вашата прва посета на веб-страницата, нашиот банер за колачиња ви овозможува да ги прифатите или одбиете сите колачиња што не се неопходни или да ги приспособите поставките преку опцијата „Поставки за колачиња“. Колачињата што не се неопходни нема да се активираат без ваша претходна согласност, а вие можете да ја измените или повлечете согласноста во секое време.
9. СПОДЕЛУВАЊЕ И ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ
Apollonia Hotel & Casino не ги продава ниту ги изнајмува вашите лични податоци.
Податоците може да се споделуваат исклучиво со:
- Овластени обработувачи (ИТ-добавувачи, хостинг): Врз основа на договори за доверливост и заштита на податоците;
- Надлежни државни органи: Кога тоа изрично го бара законот или врз основа на официјално барање од надлежните институции;
- Пренос на податоци во други земји: Одредени надворешни даватели на услуги (како хостинг-провајдери, облачни системи или аналитички платформи) може да обработуваат податоци надвор од Република Северна Македонија; во такви случаи применуваме соодветни заштитни мерки (како стандардни договорни клаузули одобрени од Агенцијата за заштита на личните податоци) за да обезбедиме соодветно ниво на заштита при таквите преноси.
10. ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Периодот во кој ги чуваме вашите податоци зависи од видот на информациите. Личните податоци ги чуваме само онолку долго колку што е неопходно за целите за кои се собрани или во согласност со законските рокови утврдени врз основа на:
- времетраењето на договорот (доколку постои);
- времето потребно за постапување по барања или поплаки;
- законските и договорните обврски на компанијата.
11. БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Apollonia Hotel & Casino применува соодветни технички и организациски мерки за заштита од неовластен пристап, губење, злоупотреба, изменување или уништување (SSL-енкрипција, контрола на пристап, антивирусна заштита, резервни копии и обучен персонал).
Сите безбедносни мерки се воспоставени за целосно почитување на принципите за заштита на личните податоци: минимизирање на податоците, доверливост, интегритет, достапност, транспарентност и можност за интервенција.
12. ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, ги имате следните права:
- Право на информирање: Право да бидете детално информирани за начинот, целите и обемот на обработката на вашите податоци.
- Право на пристап: Право да добиете потврда дали вашите лични податоци се обработуваат и да добиете пристап до нив.
- Право на исправка: Право да побарате исправка на неточни податоци или дополнување на нецелосни податоци.
- Право на бришење (право да бидете заборавени): Право да побарате бришење на вашите лични податоци кога се исполнети законските услови.
- Право на ограничување на обработката: Право да побарате привремено запирање или ограничување на обработката во одредени случаи.
- Право на преносливост на податоците: Право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат.
- Право на приговор: Право во секое време да поднесете приговор на обработка што се заснова на легитимен интерес.
- Повлекување на согласност: Право во секое време и без последици да ја повлечете претходно дадената согласност за обработка.
- Право на поднесување претставка (барање за утврдување повреда): Право да поднесете барање/претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) доколку сметате дека вашите права се повредени со обработката.
За да ги остварите вашите права, испратете барање на е-пошта: info@apolloniacasino.com.
13. ВРСКИ ДО ДРУГИ ВЕБ-СТРАНИЦИ
Нашата веб-страница може да содржи врски до надворешни веб-страници. Apollonia Hotel & Casino не е одговорен за содржината и политиките за приватност на тие независни веб-страници и ви препорачуваме да ги прочитате нивните правила кога ги посетувате.
14. ИЗМЕНИ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика може повремено да се изменува или дополнува заради усогласување со законските измени или промените во нашите услуги. Секоја ажурирана верзија ќе биде објавена на оваа страница со наведен датум на последното ажурирање.
КОНТАКТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПРАВА
За сите барања, прашања или за остварување на вашите права во областа на заштитата на личните податоци, контактирајте нè на:
Apollonia Hotel & Casino
Гевгелиски партизански одреди бр. 1, 1480 Гевгелија
Веб-страница: apolloniacasino.com
Е-пошта: info@apolloniacasino.com
Телефон: +389 (0)34 213 300