Table Games

Roulette

Правила на игра

Ставете ги вашите влогови (пари или кеш чипови) на масата и прашајте го дилерот да ви даде боја. Дилерот ќе ви даде чипови во боја која ќе ја користите само вие во текот на играта.

Потоа може да започнете со  вашите облози. Постојат неколку начини на кои можете да се обложите, подолу во табелата ќе можете да погледнете каде може да ги поставите вашите облози и кои се шансите за добивка.

Дилерот ќе го заврти топчето кое ќе падне во едно од 37 добитни полиња ( 0-36 ), добитниот број се прикажува на екран -дисплеј и е специјално означен со “маркер”. Има 18 броеви во црвена и 18 броеви во црна боја. Бројот 0 е во зелена боја.

Има 18 броја кои се парни, 18 броја кои се непарни , 18 се ниски и 18 се високи.

Кога ќе сакате да престанете со игра побарајте од дилерот да ве исплати и тој за вашите чипови во боја ќе ви даде кеш чипови кои може да ги однесете на касата и да ги замените за готовина , или седнете на друга маса со кеш чиповите и започнете повторно со нова игра.

 

Облози и шанси за добивка

1 број (straight up) 35-1

2 броја (split) 17-1

                                                                                 

 

3 броја (street) 11-1

4 броја (corner) 8-1

6 броја (six-line) 5-1

1 дванаесетка ; прва дванаесетка  1-12, втора дванаесетка 13-24, трета дванаесетка 25-36 — 2-1

12 броја ( колона ) 2-1

Парни; непарни; црвени; црни;  1-18 , 19-36   1-1

Нула –  Сите влогови кои ќе бидат на колона , дванаесетка и шанси – губат. Влоговите на 0 се исплаќаат на ист начин  како и секој друг број.

 

Blackjack

Блекџек е една од најпопуларните игри во казино. Целта на играта е збирот на вашите карти да биде 21 или колку што е можно поблиску до тој број,  без да се премине 21. Секој учесник игра против дилерот ( куќата ) кој ја започнува играта со делење по две карти на секој учесник и една карта се става на масата за да може сите да ја видат . Картите се бројат по нивната вредност. Кралот, кралицата и џандар имаат вредност од 10. Асовите имаат вредност од 1 или 11. Ако првите две карти кои ќе ви бидат поделени од дилерот имаат збир од 21, вие имате Блекџек.

Во правила на игра се опишани основните правила за играње Блекџек. Освен нив постојат правила на игра на страна кои овозможуваат посложени стратегии за обложување.

Осигурување:

Доколку картата која се става на масата е ас (кец), секој играч добива шанса да се обложи дали дилерот ќе добие Блекџек или не. Ова може да се направи пред било каква акција /обложување од страна на играчите.

Осигурениот влог мора да биде најмногу половина од првиот влог на играчот. Осигурениот влог кој е добитен ќе биде исплатен во сооднос 2:1.

Apollonia Hold'em Poker

Во овој вид на игра , играчот не се натпреварува против другите играчи. Тој игра само против дилерот. Во било кој момент од играта, играчот може да го зголеми својот  влог. Во оваа игра, која е базирана на покерот, колку порано ќе биде направено зголемувањето на влогот, толку поголема би била неговата вредност .

Играта започнува во моментот кога играчот ќе се обложи на слепо или анте (ante). Исто така дозволено е да се искористи Trips side Bet кој им дава шанса на играчите за добивка, без разлика дали губат или победуваат. Аполонија Холдем покерот се разликува од другите игри кои се базирани на покерот, со тоа што влогот на анте останува во игра дури и кога играчите направиле покачување или кога дилерот не ги отворил своите карти.

Исто како и вообичаените формати на покер играта, така и во Аполонија Холдем покерот се игра со регуларен сет од 52 карти. Кон крајот на играта, на дилерот и играчите им останува да направат комбинација од нивните две карти и петте отворени карти, со цел да добијат најдобра можна комбинација за нив. Дилерот ќе може да ги отвори своите карти само доколку има еден пар (две исти карти).  Обложувањето анте и обложувањето на слепо се оценуваат во зависност од тоа кој победува и дали дилерот ќе ги отвори картите.