барови и ресторани

Бар и ресторани

Ресторанот во хотелот нуди локални и меѓународни кулинарски задоволства, со капацитет од 40 стола. Тимот од професионални готвачи ви нудат специјалитети кои се исклучиво базирани на она што е сезонски достапно во регионот. Послужуваме широк избор на прекрасни, свежи јадења со цел да се обезбеди пријатна атмосфера за јадење за сите гости.

Ресторанот отвара во 07:00 часот наутро нудејќи бифе за појадок и нарачките се примаат најкасно до 22:00 часот навечер, со тоа се покрива секој оброк во денот, без разлика дали станува збор за брза закуска, бизнис ручек, релаксиран попладневен пијалок или вечера со пријателите и фамилијата.

Најдобрите кујнски специјалитети  со беспрекорна и врвна услуга. Низа на спектакуларни настани и различното мени ја прават вечерата во казино ресторанот незаборавна прилика.

Цена по лице: 10 € или 100 поени

Работни часови:

За ручек: 12:00 – 18:00 часот

За вечера: 19:00 – 02:00 часот

Лоциран веднаш до рецепцијата, овозможува модерна атмосфера за опуштање. Уживајте во нашите специјални коктели со амбиенталната музика, или проследете ги дневните настани на ТВ или во дневните весници.

Бујна, зелена, елегантна и убава оаза, изградена во стилот на традиционална локална куќа. Место за состаноци во било кое време од денот, за кафе, пиво, коктели или жестоки пијалоци, пица или сендвич. За релаксирано расположение во природна средина  со мирен поглед на инзворедната живописна градина. Отворен е само во летната сезона.